Јас и ти


А кога ќе се сетам дека неодамна, мислев дека се' знам...
Темната ноќ знаеше, но не и јас...улицата знаеше но не и јас...можеби и ти знаеше но не и јас...
Одеднаш, карминот се избриша, воздухот беше поинаков, високите потпетици не болеа...зборовите истекоа, сообраќајот застана и ѕвездите молчеа...
По таа ноќ, скршената месечина испрати едно ново сонце за добро утро.
И како за прв пат, се' беше јасно. Скриените пораки станаа јавни, луѓето со маски исчезнаа...јас и ти на првите прошетки.
Стравот се претвори во пеперутки, пеперутките во воздишки. Занданите се отворија, сенките во минатото останаа...јас и ти и првите погледи.
Деновите минуваа и брзо и бавно. Насмевките продолжија, тајните се открија...јас и ти во белиот свет.
Болката исчезна, туѓата љубомора најде причина да се појави...јас и ти и првите бакнежи.
Лузните не болеа, лошите спомени прав се сторија. Навиките се скршија, прегратките се отворија...јас и ти и првото "Добро утро".
Среќата се вдоми, езерото се смири, алкохолот не' зашемети, намерите се открија...јас и ти и првиот план.
Одеднаш се' е исто а ништо не е исто...сега ни кловновите ни грмотевиците не се толку страшни. Страшното заврши, бурата помина...ветрот се стиши и зборовите веќе не ни требаат.

А и што би ти кажала за да не биде премногу и што би премолчела за да не биде премалку?
 Ти и онака веќе знаеш...

No comments:

Post a Comment